Вицепремиерот Анѓушев учествувал во расправата на владината седница и укажувал на кој начин треба министерството за економија да ја поправи одлуката во врска со акцизите за литиум-јонските акумулатори за да биде во согласност со барањата на министерството за финансии, вели во вечерашното гостување во емисијата 360 Степени, на Алсат, првиот човек на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.

„Ние побаравме записник од седницата на владата, ги побаравме и стенограмите Во записникот стои дека вицепремиерот присуствувал на седницата, меѓутоа во стенограмите гледаме дека тој учествувал во расправата и укажувал на кој начин треба министерството за економија да ја поправи одлуката за да биде во согласност со барањата коишто ги дава министерството за финансии“, вели Ивановска.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...