Познавате ли некој што не сака јагоди? Веројатно не! Омилени меѓу децата, но и меѓу возрасните; едноставно, нема некој што не ги сака. Свежи со шеќер или во форма на сладолед? Како слатко од баба или, пак, во омилената комбинација со чоколадо? Ова мало слатко црвено овошје со препознатлива шара и сладок вкус е омилено меѓу сите генерации и во сите варијанти, а токму со чоколадо е вкус на кој никој не може да му одолее.

Ви претставуваме неколку факти зошто јагодата е толку омилен вкус. Уживајте!

1. Јагодата е омилениот вкус на децата

Дали знаете дека 53 % од децата до 9-годишна возраст изјавиле дека јагодата е нивниот омилен вкус? Тие едноставно ја обожаваат дали поради привлечната црвена боја, дали поради слаткиот вкус и мирис, не е важно, но едно е сигурно: ретко кој може да им одолее на јагодите без оглед на годините. Последните истражувања покажуваат дека повеќе од половина од испитаните деца низ целиот свет до 9-годишна возраст ја посочиле јагодата како нивен омилен вкус, без оглед дали станува збор за избор на сладолед, во комбинација со чоколадо, како свежи јагоди или како додаток во некој десерт.

2. На врвот на пирамидата на правилна исхрана

Јагодите не само што се вкусни, туку се и неверојатно здрави и се позиционирани на врвот на пирамидата на правилна исхрана. Помагаат при кардиоваскуларните заболувања, за одржување на нивото на шеќер во крвта, за нега на очите, за правилна функција на мозокот и го намалуваат ризикот од дебелеење. Токму поради сите овие полезни карактеристики, тие се високопозиционирани за избалансирана исхрана и се препорачуваат најмалку две овошни ужинки дневно што содржат јагоди.

3. Најчеста и најомилена комбинација со јагода е чоколадото

Неприкосновен лидер меѓу состојките што најчесто се комбинираат со јагода е чоколадото, па токму поради ова, на пазарот постои и чоколадно млеко со вкус на јагода. Кај нас такво познато чоколадно млеко е омилената Моја Кравица, чоколадно млеко со вкус на јагода. Сепак, аромата на јагодата се користи во производството и на многу козметички производи, како што се сјај за усни, парфеми, козметика за коса и тело, средства за дезинфекција на рацете, но и за бонбони, пијалаци, масла и многу други. А, истовремено, да не го заборавиме и добро познатото трио на вкусови на сладолед: чоколадо, ванила и јагода.

4. А, кога првпат е употребена комбинацијата на чоколадо со јагода?

Лорен Лорусо, која работела во мала гурманска продавница, за првпат ги комбинира чоколадото и јагодите во 1960-тите години, кога ја создава првата јагода прелиена со чоколадо. Таа растопила мала количина чоколадо со кое ги прелила сезонските јагоди и откако се стврднало чоколадото, овој специјалитет го служела на сите муштерии што влегувале во нејзината продавница. Оваа комбинација веднаш станала хит, а претставува деликатес и до ден-денес. Во Македонија, компанијата Бимилк, чоколадното млеко Моја Кравица со вкус на јагода го воведува од оваа година и достапно е низ сите подобро снабдени маркети во земјата.

5. Што сè крие една јагода?

Можеби ќе се изненадите, но јагодата во себе крие огромен број елементи што се полезни за организмот. Полна е со антиоксиданти, но и со калиум и магнезиум, кои ги зајакнуваат коските. Во себе содржи и фолна киселина, па се препорачува и за време на бременост, а има и висок извор на растителни влакна, со што помага за подобро варење на храната. Дополнително, содржи и голема количина витамин Ц, кој е добар за здравјето на очите кај децата, штитејќи ги мрежницата и рожницата.

6. Речиси половина од светското производство на јагоди е од Кина

Дали знаете дека Кина е водечка земја за одгледување и консумирање јагоди на годишно светско ниво, со приближно годишно производство од 3,7 милиони тони, или тоа е еднакво на 41,6 % од глобалното производство? Истовремено, податоците покажуваат дека Кина е водечка земја и во консумирање јагоди и се наоѓа на врвот на светската листа со 3 317 тони изедени јагоди на годишно ниво. Втора на листата на водечки одгледувачи е Америка со 1,3 милиони тони и годишна консумација од 1 272 тони.

7. Идеалниот период за консумација на јагодата е од април до јуни

Покрај тоа што сите посакуваме да ја има свежа во текот на целата година, идеалниот период за консумација на јагодата е од април до јуни. Избегнувајте купување јагоди во текот на зимските периоди бидејќи не може да бидете сигурни во начинот на одгледување на овие јагоди, па најдобар начин е да ги набавите во месеците кога се најраспространети и да ги замрзнете, на овој начин ќе уживате во јагодата во текот на целата година. Доколку ви недостасува и во постудените месеци, препорачуваме да набавувате производи што јагодата ја имаат како состојка, како што е, на пример, споменатото чоколадно млеко Моја Кравица со вкус на јагода, кое покрај тоа што е направено со најквалитетното чоколадо и млеко, кое задоволува 40 % од препорачаната дневна потреба за калциум, содржи и висок процент свежи јагоди, набрани токму во периодот помеѓу април и јуни.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...