Јогата навлегува длабоко во нашите животи, особено сега кога темпото на живот е брзo и се соочуваме со многу стресови во секојдневиоето. Сепак многумина се жалат дека не можат да посетуваат редовно часови јога поради недостиг на време и многу обврски.

Е  токму заради тоа, постојат Јога ретрити. Зборот ретрит доаѓа од англискиот збор “retreat” што во превод значи “тивко или повлечено место каде што може да доживеете внатрешен мир и опуштање”, и тоа е токму тоа што се случува таму!

Поврзување со природата

Јога ретритите се одржуваат најчесто во природа. Знаете зошто ? Бидејќи животна енергија или “праната” најмногу ја има во природата (на планина, во шума, на море или езеро). Само посета на овие места, е одлично, но на јога ретритите се практикуваат и техники на дишење, со што дополнително овозможуваме нова свежа енергија, да влезе во нас со што се балансираме и полниме со енергија. Ова е најуспешниот и најбрзиот начин како да се дојде до нова енергија! Динамичниот живот во кој живееме денес за жал негативно влијае врз нашата природна витална енергија, а со тоа врз нашето  здравје и долговечноста.

Дигитален Детокс

Одење на јога ретрит не ве спречува да ги користите вашите дигитални уреди (мобилни,  компјутер, таблет) но за вас е одлична можност да направите повлекување од дигиталната зависност и да го детоксифицирате вашиот Ум. Јога ретритот е совршен изговор  да се исклучите од технологија и да се вклучите во животот. При повлекувањето, можете да поминете извесно време со себе, без постојана потреба да ги проверувате известувањата или да трошите многу време на социјалните мрежи. На јога ретрит го подмладувате вашето тело и си ја посветувате цела недела само за себе со цел  подобрување на вашиот ум и тело.

Бидејќи таму ќе имате време да се повлечете во себе, ќе можете да направите интроспекција на својот живот, релациите, работата и со тоа да извршите само-анализа на вашиот живот. На јога ретритот многу полесно ќе може да донесете одлука за себе или својот живот како и за патот по кој сакате да продолжите да чекорите. Таму е тоа полесно бидејќи  вашиот ум и вашите емоции преку  редовното вежбање јога ќе бидат во баланс и со тоа вашите одлуки ќе бидат длабоки и значајни за вас.

Умот е како машина кој непрестајно врти. Кога машината работи премногу, таа се презагрева. Истото важи и за вашиот Ум. Премногу мисли прават да  Умот се прегрее кое во крајна линија доведува до вознемиреност, несоница, константен умор, агресија, депресија или друго. Медитацијата е редовна практика и е дел од програмите на јога ретритите. Таа  ги смирува мислите и  ја урамнотежува левата и десната хемисфера на мозокот. Кога имате контрола над мисловниот процес во вашиот ум, може лесно да  добиете одговор на било кое прашање или проблем кое ве мачи. Медитацијата ви помага да ги искористите сите ваши мисли и ги канализирате за да добиете подобар фокус во животот.

Физичко, ментално и емоционално здравје

Јога ретритот е совршено место за лекување на вашите физички, ментални и емоционални болести. Јога вежбите кои таму се практикуваат се повеќе од добри за подобрување на целокупната ваша состојба и здравје. Препуштајќи се себеси на вежбањето и  на природата,  е добар начин за да го пронајдете коренот или причината на вашите проблеми. Јогата може да ги намали симптомите на депресија или стрес, и при тоа влијае врз зголемување на вашата самодоврба и  верба во светот околу вас.

Соочување со страв

Повеќето од нас носат во себе различни стравови. Тие можат да бидат поврзани за работата, парите, партнерите, смртта итн. Јога ретритите се совршено место за соочување со вашите стравови! Таму се постигнува внатрешен баланс и мир преку редовното практикување на јога вежби и медитација, увид во внатрешните содржини, контакт со потсвеста  а преку сетоа тоа можете да се поврзите со вашето  духовно јас или со Повисоката Свесност  (Higher Conciseness) која лежи во секој еден од вас, со чија што помош можете да се соочите со сите ваши стравови.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...