Една нова студија покажа дека на јавноста генерално не и се допаѓаат осите, додека пчелите се високо ценети. Истражувачите велат дека ова гледиште е неправедно, бидејќи осите се исто така еколошки корисни како пчелите.

Научниците велат дека е неопходно да се вложат исти напори за зачувување на осите како што е случајот со пчелите.

Истражувањето спроведено на 750 луѓе од 46 земји покажа дека осите се најмалку сакани од инсектите. Луѓето од нив воглавно се плашат заради евентуални убоди.

Од учесниците во истражувањето било побарано да ги оценат инсектите на скала од минус пет до пет. Повеќето луѓе ги оцениле пчелите со плус три или повеќе, додека осите добиле сосема спротивни рејтинзи, од минус три или помалку.

Кога луѓето биле замолени да размислат за зборовите поврзани со пчелите, најчесто користени зборови биле “мед, цвеќиња и опрашување”. Додека зборовите поврзани со осите биле “убоди, здодевни и опасни”.

Меѓутоа, осите исто така ги опрашуваат растенијата, убиваат штетници и еднакво се важни за животната средина колку и пчелите.

“Проблемот е во тоа што осите имаат лоша репутација”, вели Д-р. Сариан Самнер од Универзитетот во Лондон. Јавноста не е свесна за сите добри работи кои ги извршуваат осите, па затоа ги сметаат за опасни наместо за важно еколошко средство.

“Луѓето не можат да сфатат колку вредат осите. Иако мислите дека доаѓаат по вашето пиво или храна, тие всушност многу повеќе се заинтересирани да пронајдат плен во форма на инсект. Тие се интелигентни инсекти кои знаат дека другите инсекти ќе се приближат до било што од вашата храна”, додава Самнер.

Shpërndaj me