Археолошките докази за користење масажата се пронајдени во многу древни цивилизации, вклучувајќи ги Кина, Индија, Јапонија, Кореја, Египет, Рим, Грција и Месопотамија.

Масажата претставува работа и дејствување врз телото со притисок. Техниките најчесто се нанесуваат со раце, прсти, колена, подлактица, нозе или уред.

Масажата, како третман помага во намалување на стресот, напнатоста и болката во мускулите, ги намалува главоболките, ја зголемува циркулацијата, а со самото тоа потикнува здрав начин на функционирање на многу делови од телото. Затоа масажата е клучен дел или пак основна терапија при третирање одредени заболувања.

Во светот постојат околу 20тина типa и методи на масажи. Во професионални услови, клиентите за масажа се лекуваат додека лежат на кревет за масажа, седат на стол или лежат на под.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...