Од дамнина луѓето ги познавале и ги користеле лековитите својства на медот.  Го нарекуваат и храна на боговите. Овој производ на пчелите е исклучително богат со витамини и минерали кои се неопходни за одржување на доброто здравје. Многуте хранливи состојки во медот го јакнат имунолошкиот систем и ја зголемуваат отпорноста на болести.

Пред сѐ медот претставува извор на енергија бидејќи е лесно се вари и се препорачува кај спортисти, ја зголемува издржливоста, а го намалува заморот на мускулите.

Медот е одличен антиоксиданс. Трудниците кои во текот на својата бременост конзумирале мед раѓале поздрави и повитални деца. Кај малите деца се препорачува консумирање на мед по втората година.

Ако се изгорите веднаш нанесете мед на изгореница. Така ќе спречите да се создаде меур, а кожата ќе ви зарасне без лузни.

Облози од мед помагаат при кожни проблеми, како што е испукана кожа, осипи, јадеж.

Ги олеснува симптомите на грип и настинка, болестите на респираторниот систем, како што се синуси и воспаление на грлото.

Консумирањето на мед помага и при тврда столица, гастритис, чир на желудникот.

Го подигнува нивото на железо и ги намалува маснотиите во крвта.

Познато е неговото благотворно дејство кај проблеми со очите, коњуктивит и др. доколку изедете лажица мед после ручекот.

Врз раните има дејство на антисептик, ја намалува болката, а исто така го извлекува отровот при убоди на инсекти.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...