Судејќи по тврдењата на докторот Ренган Шатерјеа, брокулата би требало да биде првиот избор на луѓето кога е во прашање зеленчукот. Тој тврди дека брокулата е чувар на животот, а своето тврдење го презентираше во емисијата на БиБиСи “Doctor in the house”.

Овој зелен зеленчук го поттикнува развојот на добрите бактерии во цревата кои го подобруваат имунитетот и позитивно влијаат на здравјето на дебелото црево.

Претходните истражувања покажуваат дека добрите бактерии во цревата влијаат на одржувањето здрава телесна тежина и намалување на ризикот од психичи пореметувања.

Брокулата освен ова е добра и за здравјето на срцето, бидејќи витаминот К кој се наоѓа во неа влијае на работата на срцето односно на протокот на кислород низ целото тело.

Експертите советуваат дека брокулата пред конзумирање треба да ја исецкате на ситни парчиња и да ја оставите да одстои околу еден час бидејќи така се зголемува нивото на сулфорафан, состојка која има антиканцерогено дејство и го намалува шеќерот во крвта.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...