Во Хрватска утрово беа објавени целосни податоци и број на гласови од сите 6.533 избирачки места, според кои Зоран Милановиќ победи на претседателските избори со точно 104.901 гласови повеќе од Колинда Грабар Китаровиќ.

Милановиќ победи на изборите со 1.034.389 гласови или 52,67 проценти, додека Колинда Грабар Китаровиќ освои 929.488 гласови, за 47,33 проценти.
На овие избирачки места беа запишани вкупно 3.734.111 гласачи, а тоа право го искористија 2.053.848 гласачи, или 55 проценти.

– Победа – како што ветив, рече Милановиќ во неговиот изборен штаб.
Тој во победничкиот говор му се заблагодари и на противкандидатот, Колинда Грабар-Китаровиќ

– Ако кажав некоја невистина, тоа не беше намерно. Јас работам од денеска или утре и живеам различно од ова сега. Хрватските граѓани ме избраа за претседател на Хрватска, Хрвати и оние кои не се, и јас сум среќен поради тоа, рече Милановиќ.

Тој изрази надеж дека ќе соработува со сите во извршната власт и дека сите партии на формално ниво ќе бидат исти, затоа што Хрватска е повеќепартиска парламентарна демократија и дека се друго е пат во автократија, тиранија, самоволност… и дека уставот мора да се почитува.

– Да бидеме единствени во различноста, насмевка до насмевка, да работиме за поголемо задоволство на луѓето во Хрватска. Ако оваа моја тесна, но фер победа донесе малку верба во ова општество, јас сум среќен човек и со нетрпение го очекувам тоа, заврши Милановиќ.

Милановиќ победи во девет жупании и во четири најголеми градови во Хрватска додека Колинда Грабар-Китаровиќ во 12 жупании како и во дијаспората.
Китаровиќ изјави синоќа дека подава рака на победникот и очекува цивилизиран пренос на власта.

– Хрватска одлучи. Зоран Милановиќ ќе биде претседател и му честитам, нагласи таа. Колинда Грабар Китаровиќ беше претседателка на Хрватска во изминатите пет години.

– Веќе нема да кажам ниту еден збор ниту против моите претходници ниту следбеници, рече таа.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...