Македонскиот скијач, Антонио Ристевски не успеа да ја заврши првата трка во Велеслалом на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Инаку, победник на трката беше Марсел Хиршер, пред Хенрик Кристоферсон од Норвешка и Французинот, Алекс Пинтуро. Скијачот од Албанија, Ерјон Толја, по двете трки во Велеслалом, заврши на 49 позиција додека неговиот косовски колега, Албин Тахири на 56 место, од вкупно 110 натпреварувачи на трката.

Shpërndaj me