Ние луѓето имаме тенденција постојано да се жалиме на сè. Или не нѝ чини работата, или приватниот живот, или автомобилот не е како што треба, сакаме нов, соседите не се како порано и што уште не.

Понекогаш ни се чини дека животот се распаѓа околу нас. Се случува тоа во сечиј живот, не само во нашиот. Но во моменти на тешкотија, не мислиме на тоа, а уште помалку ни е гајле.

Тоа што го забораваме е дека проблемите не траат вечно и не може да ни биде лошо постојано.

Следните неколку знаци нека бидат потсетници за тоа дека животот тече добро, иако вие не мислите така.

Сте преживеале многу работи и сте научиле

Никој не рече дека ќе биде лесно и дека нема да има препреки на патот.Помислете на грешките и падовите, тие ќе ви кажат многу. Секоја тешкотија ве довела таму каде што сте денес. Продолжете да се движите напред со надеж, љубов и желба за подобар ден.

Имате удобен кревет за спиење

Во светот има милиони луѓе кои, не само што немаат удобен кревет, немаат ниту покрив над главата. Ако врне, бараат суво место за спиење, ако студи се гушкаат за да се стоплат. Не ги потеценувајте материјалните работи кои ги поседувате само заради тоа што сте се навикнале на нивното присуство.

Имате работа каде ви е добро

Можеби не заработувате сума со повеќе цифри. Но знаете ли колку е ретко да имате работа која ја сакате и каде ви добро секој ден? Многу ретко.Не ви изгледа како многу да имате? Некој го нема ни тоа.

Живеете во време кога секоја информација ви е на дофат на прстите

Во минатото за да се дојде до информација потребни биле часови и денови чекање и истражување. Денес, со еден клик добивате тоа што ви треба.

Ја имате моќта за избор

Ова се однесува за секоја сфера во животот. Од наједноставна до најкомплицирана. Ценете го тоа.

Имате можност да бидете дел од светот

Патувањата се олеснети, комуникацијата уште повеќе. Денес луѓето имаат можност да создаваат нови пријателства од сите страни на земјината топка.

Семејството ви е на број

Нема поголема среќа од ова – сите ваши дрги луѓе на бидат на број. Вие сте возрасна личност со сопствен живот која се уште може да се јави кај родителите, братот или сестрата и да побара емотивно засолниште. Бесценето чувство!

Loading...

Shpërndaj me

Loading...