Пред зградата на Владата во присуство на домашни функционери и дипломатскиот кор, свечено беше истакнато знамето на Северноатлантската Алијанса, во која Северна Македонија ќе биде 30-та членка. Во оваа прилика, премиерот Зоран Заев рече дека се докажува оти земјава е на вистинскиот пат на напредок и развој.

Премиерот Заев им се заблагодари за придонесот на поранешните претседатели, поранешните припадници на АРМ кои ги загубија своите животи во мисиите на НАТО. Но, исто така и на ОН, САД, ЕУ, медијаторот Метју Нимиц, грчкиот премиер Алексис Ципрас и на пратениците на Грција и Македонија.

Сепак, говорот на премиерот Зоран Заев се одржа пред владината зграда без име. Откако вчера беше отстранет натписот “Влада на Република Македонија” сè уште не е поставен нов со новото име.  говорот на премиерот Зоран Заев се одржа пред владината зграда без име.

Откако вчера беше отстранет натписот “Влада на Република Македонија” сè уште не е поставен нов со новото име. Првин се чека вербалната нота што треба да ја испрати Грција, а потоа во службен весник треба да се објават уставните измени.

Откако тие две постапки ќе завршат, почнува поставувањето на таблите со новото име низ домашните институции, границите и дипломатско-конзуларните претставништва.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...