Црвената нафта се купува поевтино на црниот пазар и со неа се полнат резервоарите на постари дизел автомобили и земјоделски машини. Над 40 илјади тони црвена нафта се злоупотребува секоја година, велат од Министерството за економија. Според нивните податоци, потребата за консумирање дополнително екстра лесно гориво за централно греење е од 8-10 илјади тони годишно.

Продажбата на црвена нафта лани достигна 44.657 тони, се вели во документите од министерството. Алсат минатата недела го постави прашањето зошто не се става во функција мобилната лабораторија за да се спречат овие злоупотреби, иако Бирото за метрологија пред 6 месеци ја купи и за тоа плати околу половина милион евра.

„Кај нас има злоупотреба на црвената нафта, но важно е да се напомене дека досега државата немаше лабораторија каде може самостојно да спроведе анализи затоа што имаше две други лаборатории кои се во приватна сопственост. Оваа лабораторија сега е мобилна и може да испитува и при увоз на нафтени деривати“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Досега вакви контроли можеше да се вршат само во ОКТА и Макпетрол. Инаку, низ земјава постојат вкупно 320 бензински пумпи. На нив лани најмногу се потрошил дизел, потоа бензин, па течен нафтен гас, црвена нафта, а најмалку мазут.

Потрошувачка на нафтени деривати во 2018:

Дизел                    573.969 тони

Бензин                   98.965 тони

ТНГ                         77. 834 тони

Црвена нафта     44.657 тони

Мазут                     65.287 тони

На последната владина седница мобилната лабораторија доби дозвола да може да врши теренски контроли.

„Од следната недела мобилната лабораторија може да се стави во функција, по завршување на сите процедури и контроли што ќе ги спроведе оваа лабораторија ќе бидат валидни и за Пазарниот инспекторат, но во исто време и ако има поплаки од субјектите ќе бидат валидни и за судовите“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Инаку, потрошувачката на екстра лесното гориво познато како црвена нафта за греење е намалена за 3 и пол пати од 2006 година. За да се намали злоупотребата нејзината злоупотреба, продажбата на ова гориво кое многу загадува е забрането од периодот 15 април до 15 октомври.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...