Снегот на планините е премногу мал за да ја ублажи барем малку сушата со која се соочува земјава веќе подолг период. Долгото лето со високи температури, есен без дождови и зима со малку снег придонесе влажноста на почвата да се симне на алармантно ниско ниво. Стручните лица во областа на агрономијата велат дека ни престои тежок период особено за земјоделството.

„Есенската суша практично се претвори во зимска суша, каде имаме намалена влажност во почвата на многу ниско ниво каде практично на одредени парцели е до тој степен недоволно што неможе да се изведе првото прихранување на есенските посеви. Снегот на планините кои го гледаме за овој период од годината е многу мал. Акумулациите ни се екстремно ниско ниво, Калиманци е скоро празна, скоро сите акумлации се празни, Дојранското езеро е со намален капацитет, што укажува дека не чека еден многу тежок период“, изјави Ангелко Ангелески- Агрометеролог.

Ангелески вели дека во следниот период се очекува зголемен број врнежи да ја зафатат земјава но не се знае дали тие ќе бидат доволни да да имаме успешно земјоделско производство.

„Состојбата со житните посеви во овој момент не гарантира дека ќе имаме успешно житно производство доколку не се подобрат овие состојби меѓутоа да се вратиме една година наназад и ланската година овој период се соочувавме со слична ситуација но врнежите кој дојдоа во април и мај месец ја подобри драстично состојбата. Меѓутоа кај овошките состојбата е многу по комплицирана. Ваквото одложување на некој начин ја остава можноста за евентуална појава на доцни мразови кои можат да предизвикаат евентуално многу големи штети“, рече Ангелко Ангелески- Агрометеролог.

Појавата на суша е тема на дискусија на екпертите во земјава подолг временски период, како резултат на климатските промени. Во сите досега изготвени национални планови за климатски промени стои дека земјава во наредните години ќе има долги топли лета со малку дожд и зими без снег.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...