Реал Мадрид е подготвен на Манчестер јунајтед да му го понуди Герет Бејл и одредена сума пари во замена за Пол Погба, пренесува шпанска „Марка“.

Погба е приоритет на тренерот Зинедин Зидан, но во клубот немаат намера да го платат 150 милиони евра, колку што го проценуваат во Манчестер, па ќе се обидат во целата работа да го вметнат поранешниот фудбалер на лондонски Тотенхем.

Бејл претходно беше во фокусот на Јунајтед, а сега не е во плановите на Зидан, посебно поради најголемата плата во клубот од 15 милиони евра и се очекува негово заминување ова лето.

Реал веќе потроши повеќе од 300 милиони евра на трансфери во почетокот на преодниот рок, меѓу кои и оној на Лука Јовиќ, кога бе а инвестирани 60 милиони, но на Зидан му треба уште еден играч за врска со одличен квалитет.

Погба е незадоволен на „Олд Трафорд“, често изјавува дека негов сон е еден ден да го облече дресот на Кралскиот клуб, но околу можниот трансфер, најмногу ќе се праша Манчестер јунајтед.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...