Раздорот во партиите се случува кога некоја политичка гарнитура од влас заминува во опозиција, вели во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, поранешниот пратеник, Насер Зибери.

Како што оценува Зибери, пресудно за појава на внатрепартиски фракции и поделби е недостатокот на демократски капацитет кај лидерот.

„Историјата на плурализмот во Македонија зборува дека воглавно кај партиите, фракциите, поделбите, раздорот се поттикнуваат тогаш кога партиите од власта одат во опозиција. И во тој период ослабнува позицијата на лидерот или претседателот на партијата и се поттикнуваат внатрешни реакции кои еден лидер кој има недостаток на демократски капацитет, или на визијата, не може да ги антиципира ситуациите, и законито се појавуваат фракции“, вели Зибери.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...