Политичарите ги ставаат интересите пред партиската идеологија, вели во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, поранешниот пратеник, Насер Зибери, оценувајќи дека и програмата најчесто се става во втор план.

„… јасно е, последниве години во политичките партии идеологија и програмско одредување има многу малку. Има интереси. Интереси кои не се поврзани за програмските концепти за тоа како сакаме да ја гледаме државата, каков правен систем треба да поставиме, каква програма и економски развој ќе имаме, туку едноставно личната перспектива во тој субјект и ефектуирањето преку процесот на власта“, рече Зибери.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...