Зејно Бајрами е шахист Албанец кој учествува на европското натпреварување што деновиве се одржува во Скопје. Тој од другите се разликува по проблемите со видот. Зејно е речиси целосно слеп.

На натпреварувањето кое че трае до 29 март учествуваат 400 шахисти од 43 земји од светот, а една третина од нив се познати шахисти.

„Ова е важно, бидејќи да учествуваш со хендикеп на европско натпреварување е голема работа. Тешко е, треба големо жртвување, но волјата за спорт ги надминува сите тешкотии“, вели Зејно Бајрами- шахист.

Зејно учествувал и на други европски и регионални натпревари, на кои има освоено и први места.

„Учествував на Балканијада, на СП за слепи, Олимпијада за слепи и разни турнири. Во Албанија и Косово имам освоено први места, на Балканијада второ и трето место, на СП – десетто место и повторно на Балканијада – 14-то место“, додава Бајрами.

Тој вели дека во домашниот шах нема етничка дискриминација, туку дека државата ги има целосно запоставено, инвестирајќи многу малку во оваа дисциплина. Директорот на Националниот сојуз на слепи, Жарко Селковски, вели дека шахот е еден од талентите што го развиваат луѓето со попреченост во видот.

Што се однесува до другите услови во секојдневниот живот на овие лица, Селковски вели дека со новите законски измени и обезбедување лична придружба, луѓето со одредени попречености полесно ќе ги извршуваат секојдневните активности.

Законот се уште е во парламентарна процедура, иако беа ветени промени уште во првите шест месеци од Владата на Заев.

Фатлуме Дервиши

Loading...

Shpërndaj me

Loading...