“Никогаш не се почитуваат правата на земјоделецот”- вели  Аднан Хајрулаху – земјоделец.

Земјоделците кои допрва треба да ги добијат своите обештетувања за штетите од поплавите во 2016 година и од градот во мај 2018-тта, бараат средба со техничкиот премиер Оливер Спасовски. Очекуваат таа да се случи до утре, во спротивно ќе блокираат булевари низ Скопје.

Нашето последно барање е доставено до премиерот дека доколку немаме разговори до вторник, ќе ги продолжиме протестите во четврток и петок. Протестот ќе трае повеќе од 2 часа и ќе биде и на влезот и на излезот од Скопје. Бараме, со одлука на Владата, веднаш да се започне со обештетувањето.“-рече Аднан Хајрулаху , земјоделец.

Од Владата велат дека го разгледуваат барањето за средбата, но потсетувата дека Спасовкси во следните два дена ќе биде во странствоа. Со документи во рацете, земјоделците од една во друга институција бараат надомест на штета. Од државата добиле семенски материјали за садење и ветување дека обештетувањето ќе следува подоцна.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...