На 20 дена до истекувањето на рокот за аплицирање за користење на фондовите од ИПАРД 2 програмата, земјоделците во Полошко се незаинтересирани. Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Елгафар Јусуфи, апелираше земјоделците да се обратат во канцелариите на Агенцијата во Тетово, Гостивар и Кичево, за да ја добијат потребната помош за аплицирање.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски изјави дека овие средства, земјоделците ќе можат да ги инвестираат на усовршување на технологијата и проширување на нивните капацитети.

„Овој регион иако има можност не е вклучен во минатото и немало многу апликации. Затоа, со Агенцијата за финансиска поддршка и ние како институција, секогаш ќе бидеме во служба на примарната цел како што се земјоделците“, рече Елгафар Јусуфи – директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...