Земјоделците имаат уште четири дена да аплицираат за субвенции. Рокот за поднесување на барања за растително и сточарско производство истекува на 12 јуни, односно во вторник. Досега аплицирале околу 64 илјади земјоделци, но се очекува бројот да биде зголемен за уште седум до 8.000. Годинава за субвенции за земјоделците се предвидени колу 100 милиони евра, а од Платежната агенција очекуваат со ребалансот на буџетот, средствата да се зголемат.

„Во овој период за поднесување на барањата се предвидени да се поднесат барања за растително производство и за сточарско производство. Од растителното производство за површини со полјоделски, градинарски, лозови и овошни насади и за сточарското производство за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, живина и заклани животни во кланица“, изјави Николче Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Shpërndaj me