За да добие државно земјиште од три хектари на јавно наддавање на територијата на Македонија, земјоделец понудил дури 100 милијарди евра! Неговата понуда била избрана како најповолна и му било понудено да потпише договор со државата. Но, договорот тој никогаш не го потпишал. Земјиштето останало обраснато во трева. При тоа, со ваквата негова несериозна постапка, овој понудувач спречил ова земјиште да го добие некој кому навистина му требало за работа.

„Ја отстранивме пречката којашто ја имавме досега, а тоа е огласите за три хектари каде што имаше наддавање до 100 милијарди евра и ненормални суми, а на крајот за овие атрактивни парцели не се потпишшуваа договори“, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Вакви небулозни случаи во идина ќе бидат санкционирани со измените на Законот за земјоделско земјиште кои добија зелено светло на последната седница на Владата. Земјоделците кои ќе добијат државно земјоделско змејиште на аукција, во иднина ќе бидат обврзани ако не склучат договор по наддавањето, да мора ù платат оштета на државата. Износот ќе биде во висина од годишната закупнина којашто ја понудил оној што го добил земјиштето.

„Внесуваме уште една можност, односно при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, доколку прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот“, рече Љупчо Николовски, Министер за земјделство.

Законските измени предвидуваат младите лица до 40 години, кои добиле државно земјиште, да бидат ослободени од плаќање на закупнина три години од склучување на договорот. Дел од новините е и можноста на земјоделско земјиште да се градат угостителски и објекти за спорт и рекреација, како и можност за земјоделци кои веќе имаат закупено државно земјоделско земјиште, да можат да аплицираат и за нови огласи за парцели до 10 хектари. Ова најмногу се однесува на винариите.

Во однос на неговото заминување од ресорот земјоделство, на позиција генерален секретар во СДСМ, Николовски убедува дека нема да има застој во реформите во агро-секторот, но не кажа кој ќе го замени.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...