Во Украина денеска е Ден на жалост поради авионската несреќа во Иран во која загинаа 176 лица од седум држави.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека владата разгледува неколку можни причини за несреќата со авионот во Иран.

Тој во телевизиско обраќање ги повика сите да се воздржат од манипулации, шпекулации, теории на заговор и предвремени заклучоци во врска со несреќата на украинскиот авион во Иран.

Зеленски рече дека ќе разговара со иранскиот претседател за зајакнување на соработката со цел откривање на причините за несреќата.

Украинскиот авион на Интернешнел ерлајн се урна вчера по полетувањето од аеродромот во Техеран, при што загинаа 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци, 10 Швеѓани, тројца Германци и тројца Британци.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...