Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија за почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија. На првата средба одржана преку Интернет, министрите оценија дека со новата методологија за проширување предложена од Европската комисија, и напредокот постигнат досега од страна на Скопје и Тирана се надминаа бариерите за почеток на преговорите.

По позитивната одлука на Советот на министри, останува на Европската комисија да ја подготви рамката за преговори за двете земји и на крајот највисоката институција за одлучување, Европскиот совет да донесе одлука за почеток на преговорите. Хрватскиот државен секретар Зомбиќ, која го водеше состанокот, оцени дека денешната одлука му дава важна порака на целиот регион. Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи, сепак, рече дека денешната одлука го враќа кредибилитетот на ЕУ.

„Преку денешната видео конференција постигнавме политички договор за почеток на пристапните преговори, со  Македонија и Албанија. Како што знаете, сите состаноци се откажани поради неможноста на министрите да патуваат, но со предлог на хрватското претседателство, успеавме да ги измениме процедурите“, рече Андреја Метелко Згомбиќ, државен секретар на Хрватска.

„Ние сме подготвени за стратешки одлуки дури и во тешки околности.  Им честитам на двете држави, за кои земјите членки се согласија да започнат преговори. После октомвриското разочарување за почетокот на преговорите, двете држави успеаја да го надминат очајот и да продолжат да работат. Со ова го вративме кредибилитетот не само на Западен Балкан, туку и на земјите-членки. Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија се примери за целиот регион“, рече Оливер Вархели, комесар за проширување на ЕУ.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски рече дека со денешната одлука ЕУ  ја исправи грешката од минатиот октомври.

По денешниот позитивен сигнал, властите ветија дека веднаш ќе започнат со организирање на преговарачки групи, кои веќе се формирани во Владата врз основа на новата методологија.

Анеса Алити

Loading...

Shpërndaj me

Loading...