Само неколку часа откако го разрешија Ардијан Нухиу, екипата на Шкупи го промовираше Зекирија Рамадани за свој нов тренер. Фактички, Рамадани се враќа во Шкупи откако претходно ги водеше од 2014 до 2016 година. На столчето ќе седне на дуелот од 24. коло меѓу Шкупи и Скопје во Тетово. Инаку, неговото претставување ќе се случи во четврток на првиот тренинг.

Shpërndaj me