Дали ќе се зголеми или намали цената на нафтените деривати во Македонија откако ќе почне да се пресметува по нова методологија, ќе зависи од цената на нафтата на светските берзи. Согласно 1 јуни годинава треба да биде готова новата методологија за пресметка на цената на нафтените деривати. Од Здружението за енергетика при Стопанската комора на Македонија сепак тврдат дека Македонија и сега има најниски цени на деривати во регионот.

„Кога зборуваме за намалување или зголемување на цените, кога се работи за берзански цени е малку тешко. Затоа што во секој случај зголемувањето или намалувањето на цените ќе зависи од движењето на цената на нафтата на светските берзи и регулаторите. Во секој случај методологијата е таа што треба да ги следи светските цени. И сега во овој период информација да ви дадам, во опкружувањето Македонија има најниски цени на дериватите“, рече Ристо Јаневски, Здружение на енергетика при СКМ.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...