Крушата претставува едно од најстарите растенија култивирани од страна на човекот. Како лек во традиционалната кинеска медицина се користи повеќе од 2.000 години. Кинезите ја користеле крушата за намалување на отоци, заради антивоспалителните ефекти, за намалување на шеќерот во крвта, а исто така и како диуретик (помага при мокрењето). Ширум светот се користат домашни лекови каде крушата се користи за лечење на кашлица, мамурлук и запек.

Истражувачите од Универзитетот Минесота направиле детален преглед на научната литература објавена за крушите од 1970 до денес.

Покрај добар извор на витамин Ц, она по што крушата се издвојува од другото овошје е богатството на хранливи влакна. Една круша со средна величина обезбедува 24 проценти од потребното дневно количество од хранливи влакна. Не содржи натриум, а содржи 190 мг. на калиум.

Истражувањата покажуваат дека конзумирањето на круши (заедно со јаболките и зелениот лиснат зеленчук), штити од мозочен удар, го намалува ризикот од развој на дијабет тип 2 и ја намалува смртноста од кардиоваскуларни заболувања кај жените во менопауза.

Испитувањата вршени на животни укажуваат дека крушите можат го регулираат метаболизмот на алкохол, штитат од појава на чиреви и ги намалуваат мастите во плазмата.

Ова вкусно овошје содржи фруктоза и сорбитол, што значи дека е доволно слатка за да послужи како десерт. Па, добар апетит!

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...