Од Институтот за јавно здравје денеска информираа дека се задржува трендот на регистрирање на голем број заболени од мали сипаници во државава. Неделава што измина се регистрирани 134 новозаболени, што е највисока бројка од почетокот на епидемијата.

Од заболените 48 се од Скопје, а останатите 86 се од десет други градови. Вкупниот број заболени е во постојан пораст и последната бројка изнесува 1.524. Најголем број регистрирани или речиси половина се возрасни лица над 30 годишна возраст.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...