Европската унија планира да почне да плаќа иранска нафта во евра наместо, како досега, во долари, пренесува агенцијата „Спутник“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

Дополнително, шефицата на европската дипломатија, Федерика могерини, рече дека европската „тројка“, Франција, Германија и Велика Британија се договориле со Иран да направат договор за зајакнување на економските врски, како одговор на одлуката на САД за излегување од иранскиот нуклеарен договор.

Како што пренесува „Спутник“, станува збор за продолжување на трговијата со нафта, гас и нафтени деривати, ефективни банкарски трансакции, како и продолжување на договорите со Иран во областа на воздушниот поморскиот и копнениот сообраќај.

Практичните решенија се најавени за следните недели. За викендов е закажана посета на европскиот комесар за енергетика, Мигел Ариас Кањета на Иран.

Shpërndaj me