Министерството за труд и социјална политика на веб-страната ЕНЕР, на која се објавуваат законите кои треба да се донесат, најави дека почнува процедурата за прибирање мислења за Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата. Со овој Закон се предвидува фирмите кои за 100 евра ќе ја зголемат платата на работниците или ќе сакаат да го легализираат плаќањето во плико на дел од примањата на работниците, ќе добијат државна помош. Поточно, фирмите ќе треба да платат само 10% отсто персонален данок, а придонесите за пензиско и за здравствено да ги плати државата.

Според првичните најави на премиерот Зоран Заев, првичните пресметки од оваа мерка би изнесувале вака: Зголемената нето плата за 6.000 денари по работник месечно, работодавачот ќе го чини 6.667 денари или 6.000 денари нето плата и 667 денари персонален данок на доход. Од буџетот на државата ќе се покријат со 2.529 денари социјалните придонеси по работник месечно за делот на зголемената плата.

Пресметките велат дека ако на 100.000 работници им се зголеми платата за 6.000 денари, тогаш месечно во буџетот би се слеале нешто над милион евра или на годишно ниво 13 милиони од персоналниот данок. Но, во исто време, од државната каса би се одлеале над четири милиони евра месечно или околу 50 милиони евра годишно. Освен субвенционирањето на фирми кои досега работеле незаконски и не плаќале придонеси на исплатените пари во плико, чистиот зијан во буџетот би бил 38 милиони евра.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...