Близу 60 илјади граѓани нашле работа  во земјава во последниве две и пол години благодарение на Оперативниот план за вработувања на Владата, се пофали вицепремиерката за економија, Мила Царовска. Вели дека за оваа намена од државната каса само лани се потрошени над 21 милион евра. Царовска е уверува дека новите вработувања помогнале во пополнување на недостатокот на кадар во стопанството а особен придонес за тоа дала и мерката за практиканство каде младите луѓе учат вештини и се запознаваат со работната средина.

„Со донесувањето на Законот за практиканство може да се види дека со тоа се дава  можност да младите лица коишто немаат каде да стекнат одредена  пракса или стекнување на вештини коишто директно носат  до поголема вработеност. Преку овој закон на легален  начин ќе може истото тоа да го стекнат во фирмите од што имаат бенефит  и невработените лица и оние коишто се бизниси коишто имаат потреба од  дополнителен потенцијал“, рече Мила Царовска, вицепремиерка за економија.

Царовска денеска беше во придружба на директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и дополнителната заменичка министерка за труд и социјала Санела Шкријељ кои не ги штедеа зборовите да ги пофалат мерките и бенефициите кои земјава ги добила од нив. По завршувањето на прес конференцијата, екипата  на Алсат се упати кон Агенцијата за вработување, каде граѓаните се пријавуваа како невработени лица.

Дел од оние што ги сретнавме таму велат:

„Се наоѓа ли работа“?

„Тешко за млад човек, за надвор е излезот. Имам фамилија надвор, повеќе членови ми се надвор и овде е се потешко и потешко за млад човек. Не е само финансиите, системот, правната држава, како што кажав многу мои пријатели роднини што се надвор или се решаваат да заминат и не се со мисла да се вратат.“

„Јас со педесет и нешто години, кој ќе ме вработи мене.

Стапката на невработеност во земјава е на ниво од 17,1 отсто. Највисока невработеност има и натаму кај младите лица до 24 години и изнесува 35 отсто.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...