За 12 отсто ќе се намали цената за пренос на природен гас, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика. Пониските трошоци за дистрибуција на природниот гас ќе значат намалени трошоци на фирмите кои го користат овој енергенс. Постои голема можност оваа одлука да влијае и врз намалувањето на цената на топлинската енергија. Сепак, за таа одлука ќе треба да се чека до јуни догодина.

„…На овој начин со намалувањето на цената на пренос на природен гас Регулаторната комисија за енергетика сака да испрати сигнал за сериозна гасификација на Република Македонија. Цената за дистрибуција во Струмица и Куманово останува иста, а додека цената за дистрибуција во технолошко индустриските зони во Скопје ќе се намали за три отсто“, рече Марко Бислимовски претседател нa РКЕ.

Во Струмица и Куманово има околу 100 домаќинства кои користат природен гас. Новите цени би можело да влијаат на поголема заинтересираност кај граѓаните да го користат овој енергенс, сметаат од регулаторна. Бислимовски вели дека ќе биде предложен и нов пристап на тарифирање на преносната мрежа која е во сопственост на АД ГАМА, односно да се воведат различни категории на потрошувачи.

Гасификацијата пак на Скопје е заглавена помеѓу економските од една страна и еколошките приоритети или последици од друга страна. Потребен е договор помеѓу властите и еко здруженијата, каде и дали трасата на гасоводот ќе поминува по сртот на Водно или ќе се бара алтернативно решение.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...