Наместо 500 евра за нов приклучок за струја, домаќинствата отсега за таа услуга на ЕВН – Електро-дистрибуција ќе ù плаќаат околу 400 евра. За најмалку 20 проценти ќе се намали цената за приклучок за домаќинствата, а ќе има намалување и на цената за останатите потрошувачи. Исто така за 5 до 7 дена ќе се намали и рокот за издавање согласност и за изградба на приклучоците.

„Ова се должи пред сè на зголемувањето на ефикасноста на работа на „Електродистрибуција“, исто така и на намалувањето на нивните трошоци за набавка на опрема која би се користела за изградба на овие приклучоци. Сето ова нè става во една добра ситуација, трошоците за приклучок на домаќинствата ќе да се намалат најмалку 20 проценти, а исто така ќе има соодветно намалување и на трошоците за приклучување и на останатите видови потрошувачи“, рече Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...