Се предвидува од 2019 до 2029 година во електро преносната мрежа да се инвестираат 150 милиони евра. Планот е најголем дел од овие инвестиции или околу 100 милиони евра да  се реализираат во следниве три години.

Поголемиот дел од парите ќе бидат потрошени за новата интерконективна врска помеѓу земјава и Албанија. Врската ќе биде помеѓу Битола и Елбасан, и тоа претставува прво поврзување на земјава со електроенергетскиот систем со Албанија. За таа намена ќе биде изградена и нова трансформаторска станица во Охрид.

Оваа нова интер конективна врска со Албанија поради тоа што ќе има поврзување на коридорот исток-запад. Тоа значи, од Бугарија преку земјава па кон Албанија и завршува со Италија. Од Регулаторната комисија за енергетика уверуваат дека овие инвестиции нема да имаат влијание врз цената за електрична енергија во периодот што следи.

Loading...

Shpërndaj me