Клиниката за хематологија за првпат ќе почне трансплантација на матични клетки од странски донатори за производство на крвни клетки. Ова стана можно по реновирањето на просториите на Клиниката бидејќи досегашните простории не ги исполнуваа стандардите. Овој тип на трансплантација во изминатите години се вршеше во странство каде за еден пациент беа потребни од 150 до 200 илјади евра буџетски пари. Овој софистициран метод на трансплантација ќе им служи на пациенти со малигни заболувања на крвта.

Клиниката за хематологија со години не можеше да го врши овој тип на трансплантација бидејќи немаше пристап до европските и меѓународните регистри на донатори на коскената срцевина, но и поради немањето соодветни просторни услови.

Вјолца Алити

Shpërndaj me