За прв пат во Македонија, во клиниката „Аџибадем Систина“ направено е комплетно вештачко срце. Потоа, преку оперативен зафат, тоа му беше ставено во градите на 46 годишен пациент од Штип. Интервенцијата вчера траела повеќе од пет и пол часови. Пациентот е во добра и стабилна состојба. Ова е прва ваква операција изведена во Македонија, а втора во регионот, после Белград. Во светски рамки, вкупно се направени само 1.800 вакви интервенции. Со овој зафат, Македонија влегува во списокот од 25 држави во светот каде се врши оваа мошне комплицирана и тешка интервенција во кардиохирургијата. По неа, пациентот треба да има стабилен живот во наредните шест години, сè додека не се најде донатор за трансплантација на срце. Инаку, механичкото срце се полни со батерија, која пациентот ќе ја чува во посебна чанта, а тежи 6 килограми.

Shpërndaj me