Инспекторите прво ќе ги опоменуваат фирмите, а потоа ќе ги казнуваат. Инспекциите ќе се планираат врз основа на проценка на ризик. При инспекциски надзор на фирмите ќе им бидат доставени „чек“ листи за проверка каде сами ќе можат да видат дали работат според законските прописи. Овие листи ќе бидат јавно достапни и задолжителни при редовните контроли на инспекторите. Ова се дел од новините во новиот Закон за инспекциски надзор кој што беше донесен на крајот на минатиот месец, но ќе стапи на сила од 1 декември.

„Кога ќе ја имаат чек листата која што ќе претставува една правна рамка каде што ќе бидат наведени сите обврски кои што согласно закон субјектот ќе треба да ги исполни и инспекторите ќе треба да знаат што треба да проверат, но и субјектите на надзор ќе знаат што се очекува од нив“, рече Магдалена Филиповска Грашкоска, претседател на Инспекциски совет.

Грашкоска вели дека има голем недостаток на инспектори пред се кај пазарниот и трудовиот инспекторат. Со Законот се воведува и нов систем за стекнување на лиценца за инспектор. Предвидени се и повисоки плати и вработување на нови инспектори.

„Условите за вработување на нови инспектори се променија во насока во категоријата В тоа се нераководните инспектори, согласно новиот Закон за инспекциски надзор ќе може да се вработат инспектори на кое било ниво“, додава Филиповска Грашкоска.

Во моментов на ниво на државата има околу 1.000 инспектори, но Инспекцискиот совет се уште нема точна бројка колку недостасуваат. Инаку, слабиот инспекциски надзор, според бизнисмените е најголемата причина за зголемување на сивата економија во земјата која се проценува дека над 30 отсто од бруто домашниот производ.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...