За пет години пратениците потрошиле околу три милиони евра на своите патувања. Членот на Антикорупциската комисија, Катица Николовска вели дека во периодот од 2015 до 2019 година се намалени патните трошоци на пратениците. Во 2016 година во однос на 2015 година трошоците се намалени за 10,31%, додека во 2019 година за 97,16%.

Според Антикорупцијата, во 2019 година расходите се пресметуваат само за пат, но не и за оние пратеници кои го искористиле правото за кирија. Во анализата на Антикорупциската комисија се вели дека намалувањето на трошоците е направено и затоа што во 2015 година, 90 пратеници доаѓале  со своите возила на работа, додека во 2019 година,  75 пратеници добиле патни трошоци, бидејќи 15 други го искористиле правото на живеење под кирија. Антикорупцијата откри дека 23 пратеници имаат свои станови или во име на нивните блиски членови на семејството во Скопје, но повторно ги искористиле патните трошоци. Комисијата за антикорупција ќе  даде конкретни препораки на Собранието за намалување на трошоците на пратениците, спречување на злоупотребата и поефикасно извршување на нивните должности.

Од Антикорупцијата сметаат дека треба да се утврдат прецизни критериуми за искористување на трошоците на пратениците и на другите лица избрани и именувани.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...