За неколку дена ќе почне реновирањето на скопски „Бит пазар“, дури 8 години по даденото ветување. Тезгите од седмиот и од осмиот сектор веќе се распоредени зашто од таму ќе почне санацијата.

Од Комората на Пазари на Македонија признаваат дека реализацијата на проектот доцни. За ова, првиот човек на Комората, Екрем Долек, вината ја гледа во застојот во комплетирањето на документацијата и распределба на парцелите.

Од “Скопски Пазар” одбија да одговорат на прашањата на Алсат зошто доцни проектот. Дознаваме дека процесот ќе се одвива со фазиа целата реконструкција ќе трае околу 14 месеци. Ова ги загрижува трговците кои се жалат дека распределувањето во другите сектори директно влијае врз нивната работа.

“Ние ова го баравме од 2005 година, а општината и сопственици дури сега се согласија да почнат со работа”, вели продавачот, Сабри Агуши.

Реновирањето на “Бит Пазар, е од 2010 и често се користеше за предизборни цели.

Бесиан Лека

Shpërndaj me