Враќањето на политичката стабилност во земјата е најважниот фактор кој ги забрза економскиот раст. Решавањето на спорот со името и членството во НАТО би можело дополнително да ги забрза структурните реформи. Ова се главните причини агенцијата Стандард и Пурс да го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија на ББ-, со стабилен изглед.

Од меѓународната кредитна агенција очекуваат дека во наредните три години растот на македонската економија ќе биде околу три отсто, движен од домашната потрошувачка, извозот и инвестициите, но и забрзување на капиталните инвестиции. Агенцијата ја оценува како позитивна и неодамнешната пензиска реформа.

Стандард и пурс:

Стандард и пурс го оценува јавниот долг на Македонија како умерен и после подолг период на раст во минатото, се оценува дека долгот постепено ќе се стабилизира, и ќе изнесува 48,7 проценти од БДП до 2022 година“.

Министерот за финансии Драган Тевдовски на вчерашното презетирање на податоците за раст на БДП кажа дека е оптимист за движењето на економијата годинава. Според него, владините проекции за раст на економијата од 3,2 отсто во 2019 година се остварливи.

„Ние очекуваме сериозни приливи дополнителни на странски инвестиции и дополнително заживување на економијата. Сме оптимисти дека годинава економијата ќе се движи со стапка повисока од 3%“, рече Тевдовски.

„Стандард и пурс“ во извештајот наведува дека може да дојде до подобрување на рејтингот доколку навремено се имплементираат реформите. Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијае враќањето на политичките тензии или забавувањето на темпото на реформи, што би имало негативен ефект врз растот и странските инвестиции, како и во случај на фискална недисциплина која би ја довела во прашање оддржливоста на јавниот долг.

Покрај Македонија, со ББ- се оценети и Бангладеш, Боливија, Грузија, Гватемала, Хондурас и Виетнам.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...