Многу често се нервираме затоа што не сме успеале да завршиме нешто на време или затоа што сме заборавиле нешто важно. И секогаш ни требаат само неколку мига, а последиците се долготрајни и големи.

Еден од авторите на популарната страница „Quoras“ го споделил со читателите своето правило „2 минути“, со тврдење дека му внело ред во животот. Според ова правило, нашиот мозок, кој е многу лош во донесување одлуки што предизвикуваат проомени, ги трга одлукуте од патот и иницира почеток на нешто што би можело да се провлече во бесконечност.

Како може да ви помогне?

Нема веќе куп валкани чинии, затоа што ако ги измиете веднаш, тоа ќе го направите за две минути.

Собата е чиста, па кога ќе се вратите, ќе ви требаат само две минути да се преоблечете и да ги ставите алиштата во плакар.

Кога одговарате на пораките во електронската пошта, направете го тоа веднаш, наместо да оставате да ви се насоберат за крајот на работниот ден.

Ако нешто ви треба, направете го тоа веднаш. Животот е многу поедноставен ако немате долга листа на обврски и незавршени ситници. Кога не доцните постојано, не си создавате самите паника и стрес заради обврските што се собираат, посебно кога се тоа обврски што се завршуваат за две минути.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...