За месец дена во земјава се случиле четири автобуски несреќи од кои во три имало човечки жртви. Јавниот превоз веќе не е безбеден, а превозните компании користат стари автобуси. Вака вели Руфат Хусеини, директор на Државниот инспекторат за транспорт, според кој компаниите за превоз често прават прекршоци. Тој вели дека и покрај малиот број инспектори на терен, се вршат многу контроли за откривање на неправилностите. Како најчеста појава, Хусеини ја споменува преоптовареноста на патничките автобуси што претставува закана за безбедноста на патниците.

„Во Македонија воопшто, сите компании имаат застарени превозни средства кои претставуваат закана за безбедноста во сообраќаотј. Вакви случаи обично имаме во петок и недела кога луѓето се враќаат во нивните домови и имаме поголема фреквенција. Санкциониравме неколку компании. Вистина е дека се јавуваат патници, не само кај вас, туку и кај нас поднесуваат разни претставки бидејќи на подолги релации, има патници кои стојат на нозе. Преземени се казнени мерки против овие превозници“, рече Руфат Хусеини- министерство за транспорт, сектор за транспорт.

Од МВР тврдат дека полицијата прави чести контроли, но бројот на неправилности останува голем.

Слабата економија ја зголемува можноста за кршење на законите, смета инженерот по сообраќај, Елмир Мустафаи кој додава дека покрај глобите, треба да има и субвенции за компаниите кои инвестираат во нови автобуси.

„Треба да се зголемат контролите. Освен глоби, треба да се размислува и за бенефиции за компаниите кои планираат нови, побезбедни и поеколошки автобуси. Возачите секогаш се обидуваат да качат повеќе патници. Ниската цена на превозот споредено со европските земји доведува до тоа правилата често да се прекршуваат“, вели Елмир Мустафаи- инженер по сообраќај.

Надлежните апелираат до граѓаните да не се двоумат и да пријават било каква неправилност во сообраќајот за на тој начин да се помогне во зголемување на безбедноста на патиштата.

Бесиан Лека

Loading...

Shpërndaj me

Loading...