Многу реакции по синоќешната средба меѓу лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и бугарскиот премиер, Бојко Борисов. Мицкоски тврди дека не го променил ставот во однос на Договорот меѓу Македонија и Бугарија. Вели дека поддржува добри работи како: железничко, енергетско и образовно поврзување меѓу двете земји, но не и негирање на македонскиот јазик и Гоце Делчев.

Според СДСМ, Мицкоски пак ја покажа дволичноста и лажниот патриотизам и поинаку зборува пред граѓаните, а поинаку надвор од државата.

 Опозициската ВМРО ДПМНЕ беше остар противник па дури и протестираше по улици против македонско бугарскиот договор, бидејќи според оваа партија, со него се негира историјата, идентитетот и македонскиот јазик. Сепак, на синоќешната средба Мицкоски го кажа следново.

 Борисов – Мицкоски;
Дали го поддржувате Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија?
Се што е позитивно за двете страни, ние го поддржуваме. Да немате дилема!

Loading...

Shpërndaj me

Loading...