Во Македонија во последните 48 часа загинаа седум лица во сообраќајни несреќи. Утринава малку после полноќ, пет лица, тројца мажи и две жени загинаа во тешката сообраќајна несреќа во скопско Драчево. Возило од марката Рено 5 од засега непознати причини излетало на спротивната коловозна лента и се удрило во камион за собирање отпад. Се истражува зошто и како дошло до несреќата.

МВР:

Во несреќата возачот Ј. Л. и сопатниците С. Н., А. Т. (54) од Скопје, Е. Т. (37) од Скопје и И.А. (40) од Скопје починале на местото, додека возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди. Увид на местото извршил јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.“

Во меѓувреме, едно двегодишно девојче во Скопје им подлегна на повредите откако вчера било удрено од автомобил. Возачот со иницијали А.С. 35 години за кој се претпоставува дека го управувал возилото, го однел детето во болница, но за жал тоа починало.

Пред два дена и едно 17 годишно момче од Тетово загина во сообраќајна несреќа во градот во која беа повредени и три други лица, од кои едното потешко. МВР апелира до возачите внимателно да возат, особено матурантите, да се избегнува возење под дејство на алкохол и да се почитуваат брзината и знаците во сообраќајот.

Бесијан Лека

Loading...

Shpërndaj me

Loading...