За два дена истекнува законскиот рок од две недели Владата и М – НАВ да ја достават целокупната документација која им ја побара Антокорупциската комисија за теденрот за радарскиот систем, а во кој е вмешан генералниот секретар Драги Рашковски.

Комисијата која самоиницијативно отвори предмет по допрен глас, бара информации за текот на тендерската постапка и сомнежите за корупција кои се отворија во јавноста по објавувањето на телефонските разговори на кои се слушаше и гласот на генералниот секретар на Владата, Рашковски.

Доколку документацијата не се достави навремено, Антикорупциска најавува дека ќе покрене прекршочна постапка, одговорија за Алсат од институцијата. Останува неизвесно дали Владата и М – НАВ ќе го фатат последниот воз за достава на бараните податоци, иако од Македонска навигација уште во екот на скандалот соопштија дека стојат на располагање на сите органи и ќе ги достават бараните документи во постапките кои се водат или ќе бидат водени.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...