За два дена почнува фудбалскиот мундијал во Русија. Први ќе заиграат домаќинот и Саудиска Арабија. Според податоците на ФИФА, просечната возраст на играчите кои ќе настапат е 27 години и 11 месеци што е нешто повеќе од претходните пет првенства. Ова ќе биде мундијал на кој ќе играат ѕвезди кои се блиску до напуштање на фудбалот. Со 34 години најстариот играч ќе биде Андреас Иниеста.

Ако успехот на теренот би зависел од парите, тогаш произлегува дека Лионел Меси и Нејмар со 180 милиони евра се најскапите играчи во светот. Првите три репрезентации на ова СП според вредноста се Франција која тежи околу една милијарда евра, а по неа се Шпанија и Бразил.

Мексанецот Рафаел Маркез, за ​​време на неговата кариера играше на четири првенства, сега ова ќе му биде петто. Ако влезе на теренот, тогаш ќе се изедначи со Мексиканец Антонио Карбал и Германецот Лотар Матеус кои исто така играле на пет мундијали, исто како и голманот Џан Луиџи Буфон, но тој во 1998 година не заигра ниту една минута.

Сафет Адеми

Shpërndaj me