За да ги исплати лозарите, државата ќе стане доверител во винариите „Повардарие“ и „Стефани“. Владата на лозарите ќе им даде 1,5 милион евра што овие две винарии им ги должат за предаденото грозје, па потоа преку судски постапки и може би преку извршители, ќе ги наплати парите од „Повардарие“ и „Стефани“.

Според Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, со измените на Законот за рурален развој кои вчера беа изгласани во Собранието, создаден е правен основ за обештетување на лозарите од тиквешкиот регион, кои од 2014 до 2016 година ги немаат наплатено предаденото грозје. Според него државата нема да го плати долгот на винариите, туку на лозарите на кои им е неопходна помош за да продолжат да работат.

„Државата во следните три години согласно Законот за рурален развој сите исплати кои што ќе ги прават компаниите за кои што го превзема долгот, ќе бидат сите исплати стопирани преку УЈП и ќе бидат средства на Буџетот преку Платежната агенција ќе се вратат во Буџетот на Македонија“, рече министерот Николовски.

Сепак, кога лозарите ќе ги добијат парите засега нема рок. Откако претседателот Ѓорѓе Ивнов ќе го потпише Законот кој што вчера беше донесен, се очекува во четврток на вондредна седница Владата да ја донесе и одлуката за обештетување на лозарите.

Потоа Министерството за земјоделство ќе го задолжи Инспекторатот за земјоделство да направи пресметки за точниот број на лозари и вкупниот долг според просечната цена на грозјето во 2014 година. После ова ќе започне исллатата.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...