ВМРО ДПММЕ е против предлогот на премиерот Зоран Заев новото обвинителство да го води Вилма Рускоска. Според опозицијата Рускоска е продолжена рака на Заев. Оттаму не кажуваат дали новиот Предлог закон за ОЈО е прифатлив за нив, бидејќи се уште го анализираат текстот. Сепак, од ВМРО ДПМНЕ не се откажуваат од составување на нивен Предлог закон за Јавно обвинителство.

Од Алијанса за Албанците велат дека главниот обвинител треба да биде човек делегиран од ЕУ и сите обвинители вмешани во криминал да заминат од обвинителството. Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

На чело на ова обвинителство треба да биде обвинител од земјите на ЕУ и тоа ќе биде поголема гаранција за независно обвинителство и во кое ќе веруваат сите политички субјекти и граѓаните. Сметаме дека Владата итно треба да создаде услови за реформи во Советот на обвинители и во Судскиот совет и да се повлечат сите обвинители кои биле и сега се дел од тие што им служеле на криминалот и корупцијата“.   – Флакрон Беџети, портпарол на Алијансата за Албанците

За ДУИ, Предлог законот за обвинителство предложен од премиерот Зоран Заев е добра основа за борба против организираниот криминал и корупцијата.

Предлогот е добра основа и рамка во добра насока за трајно решение за институционализација на борбата против организираниот криминал и корупцијата. Сега останува на политичките партии и пратениците да постигнат консензус за овој текст, но во овие рамки“. – Бујар Османи, Дуи

Движењето Беса се уште го разгледува Предлог законот и во понеделник ќе се изјасни за ова прашање. Истиот став го имаат и во Алтернатива на Африм Гаши. Тие велат дека откако ќе се разгледа детално од партиските органи, ќе биде информирана јавноста. Вчера премиерот Заев рече дека се надева дека Предлог законот, кој според него ги опфаќа и барањата на опозицијата, ќе биде подржан со двотретинско мнозинство во Собранието.

Бесиан Лека

Loading...

Shpërndaj me

Loading...