Владата контра Сојузoт на стопански комори која вчера посочи дека расте сивата економија и се дерегистрираат фирми. Од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев велат дека бројките за регистрирање и за бришење на фирмите се исти како и минатата година.

„Според последните податоци од Централиниот регистар заклучно со денешниот ден, во 2018 година вкупно се избришани 5.309 претпријатија од сите регистри, од кои најголемиот дел или 3.309, се претпријатија кои не регистрирале активност во изминативе три години. Доколку се споредат податоците со бројките од 2017 година, кога вкупно 10.620 компании биле избришани од сите регистри, од кои 6.543 не биле активни, може да се заклучи дека нема отстапувања во однос на бројот на компании кои се бришат од Централен регистар“, велат од Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Сепак од Владата најавуваат прво доекипирање на инспекциските служби, па потоа засеилени инспекциски контрли. Даночните експерти пак порачуваат дека освен засилените контроли, потребни се поголеми глоби, но и владини мерки за сузбивање на сивата економија.

„Тоа кажува дека се мотивирани од зоната кај што немаат стрес, не се плашат од инспекции да се префрлат во зона каде што носат ризик вклучително и на плаќање на некои глоби. Очигледно е дека висината на глобите не е добро одмерена ако ги мотивира и понатаму да преминуваат од белата во сивата зона на работење“, изјави Павле Гацов, даночен експерт.

Гацов вели дека со самиот чин што не се регистрирани и не се обврзници на ДДВ заштедуваат 18 отсто. Имаат за 27 посто заштеда од неплаќање на придонеси на платите. Заштедуваат 10 отсто персонален данок на сите персонални исплати вклучувајќи ги и платите и уште 10 посто данок на добивка на разликата меѓу приходите и трошоците. Ваквото неплаќање ги уништува фирмите кои работата легално.

„Треба во ваква ситуација кога ќе се најде некој што врши стопанска дејност што не е регистриран до одземање на некој стекнат имот за да се испрати порака дека не се исплатува вакво одбегнување на плаќање на јавни даноци и соодветно конкурентност на оние што се во легалната економија“, вели Гацов.

Инаку, едно од ветувањата на Владата на СДСМ беше олабавување на канзнената политика, односно прво опомени за компаниите, па потоа казни, како и намалување на глобите во согласност со големината на фирмата и на прекршокот. Овие законски измени се дел од новиот Предлог – закон за прекршоци на кој веќе работат експерти во Министерството за правда.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me