Додека во Европа се појавуваат првите реакции и критики за изјавите на францускиот претседател, Емануел Макрон, дадени за списанието „Економист“, портпаролкта на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска на својот фејсбук профил пишува дека францускиот претседател всушност кажува  „златни зборови“ кога вели дека НАТО е во клиничка смрт, а Европа на раб на пропаста“.

„Ќе може ли Европа повторно да стане господар на сопствената судбина? 20 век – два различни светови, 19 век и претходно – бескрајни локални војни и извоз на „идеологија“. Процеси коишто започнаа со „точките“ на Вудро Вилсон, кои се зацврстија во Втората светска војна и се развија во економска, а потоа и во политичка интеграција на Европа. Тоа помогна да се запре бесконечниот европски раздор, но во исто време доведе до денешната криза на идентитетот и развојот“, пишува Захарова.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...