Вечерва во 22 часот и една минута на небото ќе започне астрономскиот феномен – затемнување на Месечината. Природниот сателит ќе биде најмногу покриен со сенката на планетата Земја 23 часот и 31 минута, а од неа ќе излезе во еден часот по полноќ.

Помрачувањето настанува кога Месечината ќе влезе во сенка на Земјата и кога Земјата се наоѓа точно помеѓу неа и Сонцето.

Целиот тек на помрачувањето на Месечината ќе може да се набљудува од Источна Европа, Блискиот Исток, поголемиот дел од Африка, западна Индија и Антарктикот.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...